| Двоглавото бебе се родило пред две дена во Бангладеш со тежина од преку 5 килограми. На изненадување на докторите подеднакво му функционираат и двете глави. Дури може да јаде и со двете усти, јавуваат англиските медиуми. Засега е утврдено дека има еден желудник, а за другите органи истражувањата се во тек. Но покрај тешките истражувања, докторите морале да преземат и други итни мерки. Имено кога се расчуло за двоглавото бебе, во болницата за кратко време пристигнале дури 150 000 луѓе за да го видат. Била повикана полицијата за да ги задржи надвор. |